Инфраструктура

Готови тендерски постапки за 31 регионален пат

19.09.2018 15:17

Завршена тендерската постапка за 31 регионален пат. Инвестицијата во инфраструктура изнесува 800 милиони евра. Од ресорот велат, во моментов се работи на два автопата, на четири експресни патишта. Има проблеми со добивањето средства од меѓународните финансиски институции...

Завршена тендерската постапка за 31 регионален пат. Министерството за транспорт информира дека инвестицијата во инфраструктурата изнесува 800 милиони евра. Постапките биле сложени, рече министерот Сугарески, како и во случајот со автопатите. До крајот на октомври се очекува да завршат градежните активности на делницата Миладиновци- Штип, а за Кичево- Охрид да се интензивираат по анексот за ослободување 205 милиони евра.

На скопската обиколница се работи на делот меѓу клучката Стајковци и Мирковци, инвестиција од 600.000 евра. Проектот треба да биде готов до крајот на градежната сезона.

Од ресорот посочуваат дека во моментов се работи на два автопата, на четири експресни патишта, како и на реконструкција и санација на регионални патишта.

Од завршените тендерски постапки за реконструкција на патишта, 12 се со заем од Светска банка , седум од ЕБОР, останатите од Јавното претпријатие за државни патишта.

 

Дијана Ценевска