Македонски железници: Не сообраќа возот Белград- Солун

19.09.2018 15:21

Македонски железници најавија состанок во Белград за оваа одлука и за можностите за повторно воведување на возот меѓу Белград и Солун.

Низ земјава веќе не сообраќа единствениот меѓународен воз на релацијата Белград- Солун- Белград, посочуваат од Македонски железници. Ваквата одлука е донесена од Србија воз и од Грчките железници, за што Македонските немаат право да решат.

Македонски железници најавија состанок во Белград за оваа одлука и за можностите за повторно воведување на возот меѓу Белград и Солун.

Од Србија воз објаснуваат дека возот веќе нема да сообраќа од 1-ви октомври годинава, поради, како што велат, економска неисплатливост.