Битола

Идејни решенија за поголема безбедност на пешаците

19.09.2018 15:26

Во рамките на Европскта недела на безбедност во сообраќајот, Битола за прв пат е дел од околу 2.600 европски градови кои придаваат големо внимание на неделата на мобилност. За најфрекфентните сообраќајници, каде се случуваат голем број несреќи, веќе се нудат некои решенија...

Не секогаш и пешачкиот премин е безбедно место за минување- заклучок кој го потврдува црната статистика за најфрекфентните битолски сообраќајници. Само на улицата „Васко Карангелевски“ во периодот помеѓу 2003-та и 2015-та година, потешко биле повредени 38 пешаци од кои голем број деца. Дека не е еднаоставно да се премине оваа улица со четири ленти, раскажува и една од одделенските наставнички.

Вели дека е задоволна што една од идеите што се родила на родителските состаноци за поставување на семофори, поддржана е од некои невладини здруженија и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

Од локалната самоуправа ја прифатија инцијативата. Оставаат на стручните служби да одлучат за видот на сигнализација, а се анализираат и останатите црни точки.

Апелираат за поголема внимателност на пешаците, а возачите да ги почитуваа најважните правила за одговорно возење. Да не се управува возило под дејство на алкохол, користи мобилен телефон и прилагодена брзина, затоа што по тој основ секоја годинана 1.200 лица се тешко повредени, а околу 70 лица го губат животот.

Стевче Митревски