Референдум

„Сите за унитарната Македонија“ и „Млади за Македонија“ повикаа на бојкот

19.09.2018 15:49

Граѓаните се основоположници на демократијата во Македонија, оценија иницијаторите од кампањата за бојкот на референдумот. Велат, целта на граѓанското изјаснување е промена на уставното име...

Ние водиме кампања за бојкот на референдумот за да го спречиме обезличувањето на македонскиот народ , јазик и култура. Од иницијативата за бојкот на граѓанското изјаснување го повикуваат народот да излезе од апатијата и стравот за да се бори и опстои.

Ние не сме малодушни, ниту сме криминалци, како не нарекуваат нашите опоненти од власта, туку сме вистински патриоти кои ја сакаат родната земја, велат од здруженијата насловени „Сите за унитарна Македонија“.

Од организацијата нагласуваат- досега има над 40 илјади потписници на петицијата за одбрана на уставното име, кои се против уставните измени. Велат, не сме против влезот во ЕУ и НАТО, но влог не може да биде националниот идентитет.

 

Игор Панов