Метео: Продолжува сончевото и топло време, следната недела заладување
19.09.2018 16:28
Во текот на следната седмица ќе настапи поизразена промена на времето со значителен пад на температурите.

Утре во Македонија се очекува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од источен правец. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.
Сончевото и топло време ќе продолжи и во наредните неколку денови.
Во текот на следната седмица ќе настапи поизразена промена на времето со значителен пад на температурите.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
