Кошарка

На победа за приклучок кон врвот

27.02.2014 16:43

Во единствениот денешен натпревар во БИБЛ регионалната кошаркарска лига екипата на Куманово пред своите навивачи го пречекува составот на Теодо од Тиват.

Со победа македонскиот претставник во балканската лига значајно ќе напредуба на табелата и ќе се најде на делба на 2-то место со екипите на Галил Гилбоа и Крајова со по 20 бодови, еден помалку од водечкиот Левски.Во досегашните 12-ет натпревари екипата на Куманово има 6 победи и исто толку порази. Пред само 2 дена на мини турнејата во Македонија екипата на Теодо славеше над Кожув со 75-74 што беше нивна прва гостинска победа сезонава.

Натпреварот Куманово-Теодо почнува во 18 часот и 30 минути.