Заев во Вашингтон на средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс
Во Вашингтoн премиерот Зоран Заев ќе има средба со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Напредокот на Mакедонија кон членството во НАТО и престојниот референдум, најавени во фокусот на агендата.
И американскиот претседател Tрамп веќе изрази поддршка за Договорот со Грција, оценувајќи го како исторска можност за отворање на патот кон НАТО и ЕУ...

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон ќе има средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО, соопшти владината прес-служба.
Посетата на Заев на Вашигтон и средбата со Пенс следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.
Во почетокот на овој месец и американскиот претседател Доналд Трамп, во писмо до македонскиот претседател Ѓорге Иванов, изрази поддршка за договорот со Грција, оценувајќи го како историски и можност за отворање на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.
