Стејт департмент: Македонија соработува во антитерористичките напори

20.09.2018 10:49

Се посочува дека Македонија презема мерки за зацврстување на легислативата и зајакнување на капацитетите за борба против терозризмот и неговото финансирање...

Македонија заедно со САД соработуваат во антитерористичкте напори и е челнка на Глобалната коалиција за пораз на Исламска држава – се вели во објавениот извештај на Стејт Департментот за тероризам и насилен екстремизам.

Се посочува дека Македонија презема мерки за зацврстување на легислативата и зајакнување на капацитетите за борба против терозризмот и неговото финансирање, како и за зајакнување на сајбер безбедноста и соработката со меѓународните партнери.