Во Кривичен суд рочишта за четири предмети на СЈО
На рочиштето за случајот Тортура треба да се слушаат 35 дополнителни аудио снимки. Во Кривичниот суд ќе продолжи судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот Тенк.

Во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржат рочишта за четири предмети на Специјалното јавно обвинителство- Тортура, Тенк- издвоена постапка за Гордана Јанкулоска, Титаник и Титаник 3.
На рочиштето за случајот Тортура треба да се слушаат 35 дополнителни аудио снимки. Во Кривичниот суд ќе продолжи судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот Тенк.
Ќе има продолженое и за Титаник. Минатото рочиште беше одложено поради болест на обвинетиот Мартин Протуѓер.
Во Титаник 3, пак, обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури за изборни нерегуларности во Чаир.
