МВР: Исчистен е станот во „Скопјанка“ од непријатната миризба
Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени.

Станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба, е исчистен од екипа на комунална хигиена, информираа од МВР. Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени.
Синоќа околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj 1 на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите со претпоставка дека најверојатно е фрлен солзавец.
По извршената дезинфекција и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домови, велат за МИА од МВР и од Противпожарната единица на Скопје.
