Белград

Србија и ЕУ потпишаа договор за Фронтекс

20.09.2018 11:59

Аврамопулос, кој е во посета на Белград изјави дека со договорот се овозможуваат активности на припадниците на Фронтекс за контрола на границите во соработка со српската полиција.

Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос и претставници на српските власти во Белград потпишаа договор за активностите на Европската агенција за контрола на надворешните ганици - Фронтекс.

Аврамопулос, кој е во посета на Белград изјави дека со договорот се овозможуваат активности на припадниците на Фронтекс за контрола на границите во соработка со српската полиција.

Аврамопулос рече и дека во тек се преговори за изработка на заеднички акциски план меѓу ЕУ и земјите од Западниот Балкан за борба против тероризмот.