Фон дер Лаин: Убедена сум дека референдумот ќе биде успешен
Германската министерка за одбрана, Урсула Фон дер Лаин во прва посета на Македонија. Ја потврди поддршката на официјален Берлин за нашите евроатлантски интеграциски процеси...

Потврдена германската поддршка за македонските евроатлантски интеграции. Министерката за одбрана Фон дер Лаин изрази оптимизам за претстојниот референдум. Вели- убедена сум дека ќе биде успешен и дека земјава ќе се движи по вистинскиот пат. На својата колешка Шекеринска ѝ порача- меѓусебните односи уште повеќе може да се засилат и со продолжувањето и понатамошниот развој на европската перспектива на вашата земја.
Стабилна и безбедна Македонија, значи и стабилен и безбеден Балкан, нешто што е важно и за Европа, рече министерката Шекеринска. Додаде- свесни сме дека 30-ти септември е моментот за позитивен пресврт, сите реформи беа ветар во грбот за нашата стратегиска цел.
Двете министерки покрај за соработката на македонската и германската Армија и учеството во мировните мисиите, разговарале и за заедничката одбранбена политика која се развива во Европската унија.
Наташа Гркова- Петрушевска
