Девизи и на банкомат

27.02.2014 16:44

Современите технологии достапни за останатите банкарски производи отсега ќе се овозможат и во менувачкото работење...

Измените и дополнувањата на Одлуката за менувачки работи што денска ги усвои Советот на Народната банка на Македонија (НБРМ) предвидуваат можбост за купопродажба на ефективни странски пари и денари на физички лица преку банкомат со функција за менувачко работење.

Како што соопшти НБРМ, современите технологии достапни за останатите банкарски производи отсега ќе се овозможат и во менувачкото работење. Главните придобивки за клиентите би биле брзината и достапноста на услугата независно од работното време на банките.

„Оваа новина засега би била дозволена само за банките, кои ќе имаат обврска за секој поставен банкомат со менувачка функција да достават известување со соодветна документација до Народната банка. Воедно, со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за менувачки работи се избриша обврската за овластениот менувач да врши продажба на нерезиденти само врз основа на реоткуп“, соопштува НБРМ.