Средба Заев- Пенс во Вашингтон
Во Вашингтон е премиерот Зоран Заев, ќе има средба со потпретседателот на Соединетите Америкаснки Држави, Мајк Пенс. Напредокот на Македонија кон членството во НАТО и престојниот референдум, ќе бидат во фокусот на средбата. И американскиот претседател Трамп веќе изрази подршка за Договорот со Грција, оценувајки го како исторска можност за отворање на патот кон НАТО и ЕУ...

Претстојниот референдум и напредокот на Македонија кон членството во НАТО, ова се очекува да бидат двете главни теми на разговор помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и американскиот потпретседател, Мајк Пенс во Вашингтон.
Состанокот во Белата куќа, чиј иницијатор е потпретседателот на САД, се очекува да се одржи околу пладне по американско време, или доцна попладне по македонско време.
Во владината делегација предводена на македонскиот премиер се и министерот за надворешни работи, Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.
Во изминатиот период меѓу бројните високи странски гости кои ја посетија Република Македонија, беа и помошникот државен секретар Мичел, како и државниот секретар за одбрана, Матис. „Граѓание да го искористат своето демократско право за да ја одредат иднината на земјата. Ова е историска шанса“- беа нивните пораки од Скопје.
Какви ќе бидат пораките до македонскиот премиер од американскиот потпретседател ќе известиме во информативните изданија.
Стојан Трпчевски, специјален известувач од Вашингтон за МРТ
