ВМРО-ДПМНЕ: Власта не запира со расипништвото
Република Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра кој никој не знае каде завршуваат. Нема нови проекти, нема нови инвестиции, но затоа трошоците за живот се зголемуваат, стандардот паѓа, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта предводена од СДСМ не запира со расипништво и секое дете, пензионер, вработен или невработен граѓанин го задолжи со нови 30 евра пред референдумот, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Република Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра кој никој не знае каде завршуваат. Нема нови проекти, нема нови инвестиции, но затоа трошоците за живот се зголемуваат, стандардот паѓа, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, со СДСМ на власт, јавниот долг за првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди.
