Манчевски: Досега не е пријавен случај на притисок на работното место

20.09.2018 13:24

Целта, како што појасни министерот Манчевски е да се спречат злоупотреби во периодот пред референдумот. Пријавите може да се поднесуваат и анонимно, а потоа ќе бидат проследени до надлежните органи. До сега, вели Манчевски, не се регистрирани пријави.

На официјалната веб страница на Министерството за информатичко општество и администрација од 13-ти месецов функионира алатка преку која вработените во администрацијата можат да пријават ако нивниот претпоставен им врши каков и да било притисок на работното место.

Целта, како што појасни министерот Манчевски е да се спречат злоупотреби во периодот пред референдумот. Пријавите може да се поднесуваат и анонимно, а потоа ќе бидат проследени до надлежните органи. До сега, вели Манчевски, не се регистрирани пријави.

Алатката има за цел да послужи како заштита на сите вработени во јавната администрација кои во случај на притисок имаат лесно достапно место каде да се обратат, рече Манчевски.

МИОА е обврзана сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи за понатамошно постапување.