Десет милиони евра за модернизација на патот Крива Паланка- Деве Баир
Потпишан договорот за заем и гаранција како услов за старт на градежните работи за реконструкција на делницата од Крива Паланка до Деве Баир. Овој проект е продолжение на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка. Заемот е со рок на отплата од 15 години, грејс период од две години и каматна стапка од еден процент.

Со 10 милиони евра кредит од Европската банка за обнова и развој ќе се реконструира и модернизира патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Потпишувањето на договорот за заем и гаранција е услов за старт на градежните работи. Проектот ќе ги подобри економските врски на земјата со Европската униа, велат од ЕБОР.
Заемот е со рок на отплата од 15 години и вклучен грејс период од две години. Каматната стапка изнесува околу еден процент. Ќе биде обезбеден и инвестициски грант.
Според надлежните, преку делниците ќе се забрза протокот на луѓе и стока меѓу Македонија и Бугарија, ќе се поврзе Црното со Јадранското Море, што е од голема важност не само за македонската економија, туку и за регионот.
Патот од Крива Паланка до Деве Баир, е во должина од 13 километри и е дел од паневропскиот Коридор 8.
Изградбата на делниците е предвидено да заврши за две до три години.
Дијана Ценевска
