Курц повторно повика граѓаните да гласаат на референдумот

20.09.2018 14:21

Австрија е важен пријател и партнер на Македонија. Се надевам на позитивен резултат од референдумот- вели австрискиот канцелар...

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска преку видео порака повторно ги повика граѓаните на Македонија да излезат на гласање на референдумот на 30-ти септември.

Австрија е важен пријател и партнер на Македонија. Се надевам на позитивен резултат од референдумот, на активно учество од граѓаните и со тоа решение на европската перспектива. Јас не можам да ja донесам вашата одлука, но како пријател на Македонија, се надевам на правилна одлука и на европски развој, порача Курц.

Австрискиот канцелар истата порака ја упати и за време на посетата на Македонија на 7-ми септември. Тој го поздрави постигнатиот договор со Грција, а неговото прифаќање на референдумот, како што нагласи, е голема шанса за европерспективата на Македонија и за целиот регион.