Фонд за иновации

Презентирани четири проекти од јавниот повик „Оброк за сите“

20.09.2018 14:37

Заврши јавниот повик за креирање иновативно решение „Оброк за сите“. Во Фондот за иновации претставени четири идејни решенија. Директорот Деспотовски рече дека целта е преку иновации да им се помогне на околу 450 илјади граѓани на државата кои имаат потреба од храна.

Преку иновации до поефикасен јавен сектор и подобри услуги за граѓаните. Ова е целта на креативниот предизвик „Оброк за сите“ кој треба да обезбеди храна за ранливите категории граѓани. Во Фондот за иновации беа презентирани четири проекти од јавниот повик. Во наредните денови ќе биде направена финалната селекција и ќе се одбере најдоброто решение.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека во земјава има голем број иницијативи за да се обезбеди оброк за ранливите категории на семејства. Отворени се и народни кујни, но како што рече министерката Царовска потребно е системско одржливо решение кое ќе даде ефекти на долг рок.

Повикот на Фондот за иновации траеше од март до мај годинава. Вкупниот буџет е два милиони денари.

 

Викторија Милевска