Сугарески: Бараме решение да не се укине меѓународниот воз Белград- Солун- Белград
Министерот за транспорт потенцира дека одлуката не зависи од домашната власт, бидејќи одговорот од другата страна е дека линијата нема економска исплатливост...

„Бараме решение да не се укине меѓународниот воз Белград- Солун- Белград“- министерот Сугарески вели дека се свесни оти оваа линија е од огромно значење за Република Македонија.
Сепак, потенцира дека одлуката не зависи од домашната власт, бидејќи одговорот од другата страна е дека линијата нема економска исплатливост. Рече дека повторно ќе разговара со српската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ за линијата, за што веќе разгоаврале пред неколку месеци при посетата на Белград.
Од Македонски железници- Транспорт АД Скопје претходно информираа дека прават напори да не се укине единствениот меѓународен воз низ Македонија. На нивното барање за средба со директорот на „Србија воз“, Југослав Јовиќ, добиле одговор дека поради негова зафатеност во наредниот период средбата би можела евентуално да се одржи околу 26-ти месецов, само неколку дена пред укинување на возот, откако ќе се врати од службен пат и по дополнителни усогласувања на можни термини.
