Метео: Продолжува сончевото и топло време

20.09.2018 14:56

Дневната температура ќе достигне до 32 степена. Во сабота се очекува уште потопло време со максимална температура до 34 степени. Овие временски услови на стабилно и суво време ќе се задржат на нашето подрачје до понеделник.

Сончевото и топло време во Македонија со слаб до умерен ветер од јужен правец ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Дневната температура ќе достигне до 32 степена. Во сабота се очекува уште потопло време со максимална температура до 34 степени.

Овие временски услови на стабилно и суво време ќе се задржат на нашето подрачје до понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух се очекува зналителен пад на температурите за повеќе од десетина степени, северен ветер и врнежи од дожд.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска