Македонија ја добива поддршката од Европарламентот
Парламентарните партии од власта и опозицијата се согласни со заедничката цел, членство во ЕУ и НАТО. Велат дека ќе ја почитуваат волјата на граѓаните на референдумот. Ова се главните поенти од работата на Мешовиот парламентарен комитет, на кој се дебатираше и за владеење на правото, за добрососедските односи и борбата против организираниот криминал и корупција...

Сите парламентарни партии од власта и од опозицијата со заедничката цел- ДА за членство во ЕУ и НАТО. Иако со различен став за Преспанскиот договор, велат дека ќе ја почитуваат волјата на граѓаните на референдумот. Ова е еден од главните заклучоци на Мешовиот парламентарен комитет на законодавниот дом и Европарламентот. Владеењето на правото, добрососедските односи и борбата против организираниот криминал и корупција, теми за дискусија.
Според европратеникот Алојз Петерле, постои подготвеност кај сите политички сили во парламентот да се прифати резултатот од изборите. Апелира да се продолжи со спроведување на реформите, како предуслов за отпочнување на претпристапните преговори со ЕУ.
Македонскиорт копретседавач Милевски, вели дека се согласиле оти земјава оди во добар правец кон евроатлантското интегрирање. Тој смета дека реформите ќе одат со позабрзано темпо, откако ќе помине референдумот и ќе се донесат уставните промени.
Грчкиот европратеник од Сириза, Пападимулис рече дека со постигнување на спогодбата со Грција, земјава направи добар компромис, чин на помирување со што уште повеќе ја добива поддршката и од левицата и од десницата во Европскиот парламент. Вели дека ако се финализира Преспанскиот договор, тогаш и во Грчкиот парламент ќе се ратификува до март идната година.
Ова е 15-ти состанок на заедничкиот комитет на парламентарно ниво. На денешната средба усвоени препораки за реформите во судството, во медиумите и за реформите во изборното законодавство и разузнавачките служби.
Игор Панов
