Австрија

Лидерите на ЕУ без договор за Брегзит и мигрантите

21.09.2018 10:28

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека иако не се согласни за сите точки, земјите-членки делат заедничка цел да се намали приливот на дојденци.

Лидерите на ЕУ не постигнаа договор за миграција на неформалниот Самит во Салцбург. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека иако не се согласни за сите точки, земјите-членки делат заедничка цел да се намали приливот на дојденци.

Повика на зголемена соработка со Египет и вети дека ќе ја направи миграцијата главна тема на самитот на ЕУ и Арапската лига во февруари 2019 година во Египет.