Земјоделство

Почна жетвата на оризот

21.09.2018 11:01

Комбајните почнаа да влегуваат во оризовите полиња и се очекува жетвата да биде како и минатите години, во просек да се соберат скоро 23.000 тони арпа. Временските услови се погодни но оризопроизводителите стравуваат дека ќе нема кој да го купи родот...

Оризопроизводителите годинава очекуваат добри приноси. Поволните временски услови треба да овозможат да се ожнеат скоро 4.300 хектари од оваа култура.

Земјоделците се задоволни од почетокот на жетвените работи и собираат околу 600 килограми од декар, но го потенцираат проблемот со неизвесниот откуп и ниските цени.

Лани откупни цени едвај достигнаа до 13 денари за килограм, што не ги покриваше ниту производствените трошоци.

Проблемот со квалитетниот семенскиот ориз кои повторно ги мачи, како што велат производителите, може да се реши единствено ако државата дозволи увоз на сертифициран семенски материјал и наместо трговците семето да го увезува Земоделскиот институт. Годинава проблем имаше и со набавката на заштитни препарати, кои на пазарот се појавија во поголеми количества увезени без дозвола.

Според очекуваниот просечен принос, родот годинава се проценува да биде повеќе од 23 илјади тони оризова арпа.

Методија Трајков