Пензионерите ќе куртулат од електронското пријавување во системот на УЈП

21.09.2018 11:10

Министерот за финансии Тевдовски поддржува вакво решение...

Пензионерите кои немаат дополнителни приходи освен пензија најверојатно нема да се регистрираат во системот на УЈП. Министерот за финансии Тевдовски поддржува вакво решение.

За да излеземе во пресрет на граѓаните УЈП работи на решение да им се олесни на пензионерите кои немаат дополнителни приходи надвор од пензиите за практично дури и да немаат потреба да одат во УЈП. Тоа, пред се, е работа на УЈП, но јас лично поддржувам такво решение и сметам дека УЈП во моментот работи на разгледување на решение да им се олесни на пензионерите. Мислам дека УЈП ќе може да најде нешто со што би им се излегло во пресрет на пензионерите, рече Тевдовски.

Од Владата веќе информираа дека се формирани тимови кои ќе работат на терен да им помогнат на оние што немаат услови за регистрација.

Инаку до крајот на годинава сите граѓани што остваруваат приходи по било каков основ, и оние само од плата или пензија треба да се регистрираат електронски на системот на УЈП, а потоа барањето да го однесат на шалтерите.