САД

Вооружени инциденти во Њујорк и Мериленд

21.09.2018 11:42

26- годишна жена која работела во магацин на фармацевтска компанија во градот Абердин, од засега непознати причини, отворила оган со пиштол кон своите колеги, а потоа го насочила оружјето кон себеси.

Три лица загинаа, а тројца беа повредени при пукање во американската држава Мериленд. 26- годишна жена која работела во магацин на фармацевтска компанија во градот Абердин, од засега непознати причини, отворила оган со пиштол кон своите колеги, а потоа го насочила оружјето кон себеси.

Повредени лица и во друг инцидент во САД. Полицијата во државата Њујорк одговори на пукање при што се повредени седум лица, вклучувајќи и дете. Инцидентот се случил на семеен собир.