Турција
Продолжуваат прекуграничните операции во Сирија
21.09.2018 12:39
Терористите кои ќе бидат фатени надвор од границите на Турција, ќе бидат предадени на турското правосудство.

Турција ќе продолжи со прекуграничните операции за отстранување на терористи. Одлуката е донесена на Националниот совет за безбедност на земјата.
Терористите кои ќе бидат фатени надвор од границите на Турција, ќе бидат предадени на турското правосудство.
На седницата било дискутирано за постигнатиот договор со Русија за запирање на нападите во демилитаризираната зона во Идлиб. Тоа се смета за особено важно од турската страна.
