Компании

„Топлификација“: Серија неправилности во стечајната постапка на „Те-То“

21.09.2018 14:21

Направени се серија неправилности во стечајната постапка на „Те-То“, обвинија од „Топлификација“, која што е малцински акционер во компанијата. Лажниот стечај може да резултира со штета од околу 30 милиони евра, тврдат од Топлификација, чија жалба заедно со другите била одбиена од Апелацискиот суд. Како што велат, биле поднесени сите потребни докази, а компанијата поднела и неколку кривични пријави за овој случај.

Направени се серија неправилности во стечајната постапка на „Те-То“ обвини скопска „Топлификација“ која е малцински акционер во компанијата. Лажниот стечај може да резултира со штета од околу 30 милиони евра, тврдат од „Топлификација“ чија жалба заедно со другите била одбиена од Апелацискиот суд- Скопје. Како што велат, биле поднесени сите потребни докази, а компанијата поднела и неколку кривични пријави за овој случај.

„Топлификација АД бара од сите надлежни институции веднаш да ги преземат сите дејствија за да се спречи овој организиран грабеж на 40 милиони евра на една странска фирма и на три македонски. А Толификација ќе направи сѐ што е во нејзината моќ да го спречи грабежот на 30 од овие 40 милиони евра кои се на нејзино конто“, изјави Димитар Хаџимишев, директор на „Топлификација“ АД-Скопје.

Реагираа со соопштение од „Те-То“. Пред надлежните институции беше презентирана целокупната документација и фактичка состојба што беше прифатено, додека една од засегнатите страни постојано изнесува тврдења кои не се засновани на факти, ниту поткрепени со докази, велат од компанијата.

„Планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно со сите законски процедури и предвидува рамноправен третман на сите доверители.

Со планот за реорганизација, не само што не се оштетени доверителите, како што се тврди неосновано, туку напротив овозможува најдобра заштита на интересите на доверителите, поради што тие го поддржаа со огромно мнозинство“- се вели во реакцијата на компанијата „Те-То“ на пресот на скопска „Топлификација“.

Пред почетокот на грејната сезона од „Те-То“ најавуваат дека компанијата продолжува со редовните активности и ќе испорачува топлинска и електрична енергија, а сите вработени ќе останат во редовен работен однос и со редовни примања.

Свето Николовски