Ревијален натпревар во чест на жртвите од „Хилсброу“

27.02.2014 17:08

Гостинската екипа ќе ја предводи Жерар Улие, а во неа ќе се најдат поранешни странски фудбалери на Ливерпул: Дитмар Хаман, Владимир Шмицер, Луис Гарсија...

Ливерпул ќе ја одбележи 25-годишнината од трагедијата на „Хилсброу“  со ревијален фудбалски натпревар на којшто многу ѕвезди на прославениот клуб ќе се вратат на „Енфилд“. Легендарниот Кени Далглиш ќе го предводи тимот на домаќините составен од играчи од Островот: Јан Раш, Роби Фаулер, Стив Мек Манаман, Џон Барнс, Дејвид Џејмс, Џими Карагер...

Гостинската екипа ќе ја предводи Жерар Улие, а во неа ќе се најдат поранешни странски фудбалери на Ливерпул: Дитмар Хаман, Владимир Шмицер, Луис Гарсија...

Натпреварот е закажан за 21 април, а ќе биде во чест на 96 загинати навивачи на Ливерпул на трибината на стадионот „Хилсброу“ во Шефилд, во полуфиналето на ФА Купот против Нотингем на 15 април 1989-та.