САД

Помпео: Денуклеаризација, па укинување на санкциите за Пјонгјанг

24.09.2018 11:51

Лидерот од Пјонгјанг Ким Јонг-ун веќе понуди да го затвори главниот нуклеарен погон во присуство на странски инспектори, во замена за отстапки од официјален Вашингтон. Дипломатските односи меѓу САД и Северна Кореја беа во застој по историскиот самит на челниците на двете земји во Сингапур.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди дека економските санкции против Северна Кореја нема да бидат укинати додека не биде направена целосна денуклеаризација. 

Лидерот од Пјонгјанг Ким Јонг-ун веќе понуди да го затвори главниот нуклеарен погон во присуство на странски инспектори, во замена за отстапки од официјален Вашингтон. Дипломатските односи меѓу САД и Северна Кореја беа во застој по историскиот самит на челниците на двете земји во Сингапур.

Помпео го покани севернокорејскиот лидер на состанок на маргините на собирот на светските лидери во Обединетите Нации неделава.