Охрид

Мицкоски: Договорот за менување на името е штетен и треба да се отфрли

24.09.2018 11:58

Договорот за менување на името е штетен и треба да се отфрли. Тој е против македонските национални интереси, против македонската држава, истакна лидерот на ВМРО-ДМПНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното обраќање пред учесниците на протестниот марш во Охрид. Ако со референдумот му се даде зелено светло на договорот со Грција, практично се вклучува црвено светло за референдумот од 1991-ва година, рече Мицкоски.

Јас и огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост но и со срце не сме на страната на оние кои работат на обезличувањето на сопствената држава и сопствениот народ, бидеќи не би можел да се погледнам во огледало доколку прифатам нешто во што не верувам. Ова на собирот по протестниот марш во Охрид го рече лидерот на ВМРО-Дпмне, Христијан Мицкоски, посочуваќи дека договорот со Грција е против македонските интереси.

И доколку референдумот помине повторно ќе дојде момент кога Грција одново ќе поставува нови услови, а нас тогаш ќе ни биде сменет идентитетот, историјата и образованието, рече лидерот на најголемата опозициска партија.

Неможат да се споредат референдумот од деведесет и првата, кој беше за самостојна, независна и суверена Република Македонија и овој, бидеќи престојниот е токму за спротивното, за промена на идентитетот и губење на Македонија таква каква што ја имаме, рече Мицкоски.

 

Сашо Нелоски