Кривичен суд

Нови рочишта за „Титаник“, „Тенк“ и „Тотал“

24.09.2018 12:10

Последното рочиште за „Титаник“ на 12-ти септември беше одложено поради болест на Мартин Протуѓер, кој е еден од обвинетите во овој предмет.

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжат судењата за три предмети на СЈО- „Титаник“, „Тенк“ и „Тотал“. Последното рочиште за „Титаник“ на 12-ти септември беше одложено поради болест на Мартин Протуѓер, кој е еден од обвинетите во овој предмет.

За случајот со предметот „Тенк“ за набавка на блиндираното возило Мерцедес треба да продолжи судењето во раздвоената постапка на поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска.

За предметот „Тотал“, треба да бидат преслушани снимени аудио разговори од 2011-та година, што СЈО ги презентира како доказ во постапката.