ОПЕК
Ријад и Москва нема да го зголемат производството на нафта
24.09.2018 12:13
Месецов, цената на нафтата достигна 80 долари, поради што Трамп побара од ОПЕК нејзино намалување...

Саудиска Арабија, челната држава во Огранизацијата на земји извозници на нафта „ОПЕК“, заедно со Русија, најголемиот сојузник меѓу производителите на нафта вон организацијата, одби да го зголеми производството и покрај барањето на американскиот претседател Трамп којшто со таа мерка сака да ги смири пазарите.
Месецов, цената на нафтата достигна 80 долари, поради што Трамп побара од ОПЕК нејзино намалување. Поскапувањето е резултат на падот на извозот од Иран по воведувањето на американските санкции.
