Зајакнати надлежности за Антикорупциска комисија
Антикорупциската комисија да се оддели од политиката и да добие повеќе надлежности. Комисијата финансиски ќе се зајакнува, најави министерката Десковска. Од невладината „Траспаренси“ бараат воведување механизми за контрола на челновите...

Се предвидуваат зајакнати надлежности на Антикорупциската комисија, што ќе значат пристап до банкарските сметки на носителите на јавни функции како и во контролата на имотот, вели ресорната министерка. Дескоска наведе дека Комисијата финансиски ќе се зајакнува, а ќе добие надлежности во однос на злоупотребите на јавни пари во изборните кампањи. Вели, концептот е Антикорупциска да се оддели од политиката.
Од невладината „Транспаренси интернешнл“ бараат воведување на механизам на контрола на членовите на Комисијата. Според претседателката на оваа организација, Слаѓана Тасева, суштинско е на комисијата да ѝ биде овозможена надлежност за проверка на имотната состојба наведена на анкетните листи на фунционерите и нивната финансиска состојба.
Одговорајќи на новинарски прашања, Дескоска рече дека во врска со одговорноста на одредени судии наведена во извештајот на СЈО, треба да постапи Судскиот совет кој не треба да чека дополнителни информации кога веќе се работи за јавно објавен документ. Дескоска посочи дека во Министерството нема предлози за уставни измени.
Законот ги вклучлува препораките од ГРЕКО, Прибе, Европската комисија и од ОДИХР во делот на финансирање на изборни кампањи.
Фиљана Кока
