Кривичен суд

Одложено рочиштето за предметот „Тотал“

24.09.2018 13:01

Во Кривичниот суд продолжија судењата за „Титаник“ и „Тенк“.

За трети октомври е одложено рочиштето за предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинитеслтво, поради настаната промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“, кое заедно со новинарот Драган Павловиќ Латас и правните лица „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“ се теретат за затајување на данок.

Во Кривичниот суд продолжија судењата за „Титаник“ и „Тенк“. За случајот со предметот „Тенк“ за набавка на блиндираното возило Мерцедес продолжи судењето во раздвоената постапка на поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска.

Во „Титаник“ обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и 16 други осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012-та година.