ВМРО-ДПМНЕ: Промена на името со лажни заложби за ЕУ

24.09.2018 13:12

Според опозициската партија, договорот со Грција е штетен и нема да се поддржи.

На власт се политичари и нивни ученици, кои во ’90- тите нѐ убедуваа дека само да ја прифатиме времената референца ФИРОМ и државата ќе тргне на подобро, но тоа не се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, договорот со Грција е штетен и нема да се поддржи. ВМРО-ДПМНЕ има демократски став, кој остава на граѓаните сами да решат како ќе постапат на референдумот и треба да имаат услови за непречено дејствување, согласно нивната волја и убедување.

Ниту СДСМ, ниту било кој смее да влијае на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.