Македонските старт- ап компании пред германската индустрија

24.09.2018 13:51

Своите идеи ќе ги презентираат во Скопје пред главниот оперативен директор на „Бетахаус“, а менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја ќе им овозможат фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ и Центарот за трансфер на технологии и иновации „Инофеит“, преку програмата „Betapitch“...

Македонски старт- ап компании ќе можат да ги претстават своите идеи пред германската индустрија. Ќе ги презентираат во Скопје пред главниот оперативен директор на „Бетахаус“, а менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја ќе им овозможат фондацијата  „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ и Центарот за трансфер на технологии и иновации „Инофеит“, преку програмата „Betapitch“.

Избраните 10 до 12 старт-ап компании ќе бидат дел од менторирањето, што ќе се одржи на 6-ти и 7-ми октомври, во просториите на „Инофеит“ на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Најдобриот старт- ап ќе добие бесплатно патување на „Глобалниот ден на инвеститорите“ што ќе се одржи на 15-ти ноември 2018-та во Берлин, каде што ќе ја презентираат својата идеја пред германската индустрија и ќе можат да остварат деловни односи со старт- ап скаути од поголеми германски мултинационални компании. Краен рок за аплицирање е 1-ви октомври годинава.