132 случаи на заболени од леукемија, надлежните велат терапија има
Во државава има 132 случаи на заболени од леукемија- тешка болест на крвта. Бројката се зголемува секоја година. Надлежните убедуваат терапија има. Од здружението за помош на овие болни бараат подобра третман, соодветни лекови и новна континуирана набавка...

132 заболени од хронична миелоична леукемија светскиот ден го одбележуваат со потребните лекови. Државата од април месец има решение за нивното здравје, останува само стравот дали трајно е надминат проблемот или само привремено. Оваа болест во развиените земји се смета за животно незагрозувачка. Во Македонија, клиниките ги немаа лековите за второлиниска терпија, семејствата на свој трошок обезбедуваа лекови за своите најмили. За еден месец третман со камата на смарт лековите чиниеше 4.000 евра.
Сега 4 од 5-те неопходни лекови Клиниката за хематологија ги има обезбедено. Директорката Ирина Пановска- Ставрдис рече дека смарт лековите како „тирозин киназа инхибитори“, ја ставаат болеста под контрола. Бројката на болни од оваа болест, секоја година се зголемува за 14.
На одбележувањето на Меѓународниот ден, само еден апел- континиутет и полесен пристап до адекватното лекување, квалитетни лекови од проверени производители, и тие да се стават на позитивната листа.
Марина Стојанова- Тонева
