Енергетика

МЕПСО вложува 4,6 милиони евра во трафостаницата „Дуброво“

24.09.2018 14:54

Вредноста на договорот изнесува 4,6 милиони евра, а се финансира од сопствени средства на МЕПСО, кредит од Европската банка за обнова и развој и грант од Европската комисија.

Во најважната трафостаница за електроенергетскиот систем, во Дуброво, започна модернизацијата на опремата инсталирана пред 40 години. Тригодишниот проект опфаќа замена на примарната опрема и ревитализација на секундарната.

Вредноста на договорот изнесува 4,6 милиони евра, а се финансира од сопствени средства на МЕПСО, кредит од Европската банка за обнова и развој и грант од Европската комисија.

Ова е дел од среднорочниот инвестициски циклус во преносната мрежа вреден 70 милиони евра и вклучува далновод кон Албанија, изградба на нова трафостаница кај Охрид, реконструкција на четири големи трафостаници од преносната мрежа и набавка на системи за релејна заштита и изградба на шест нови 110- киловолтни далноводи.