Заев: Договорот со Грција ќе ја удвои трговската размена
За пет години да се дуплира трговската размена по ратификацијата на Договорот од Преспа. Премиерот Заев со очекувања за економијата. Безбедноста на земјата од НАТО, ќе гарантира безбедност и за нови инвеститори...

„Патот до моќните светски пазари не е лесен. Посебно за економиите на земјите кои се изолирани со мал буџет и се потпираат на сопствените можности. За жал, вториот дел од Договорот со Грција малку е експлоатиран. Тој ги отвара сите перспективи на соработка. Принципи од кои со ратификацијата на Договорот од страна на двата парламенти во следните пет години да се дуплира трговската размена“- ова се очекувања на премиерот Заев за кои зборуваше на трибината во фабриката „Кронберт и Шуберт“, во индустриската зона „Жабени“, во организација на Стопанската комора.
„Еве неколку податоци зошто. Даноците во Грција се три до четири пати повисоки како што се персоналниот данок, данокот на добивка, ДДВ и сл. Тоа само по себе ќе ги направи поконкурентни од исти или слични производни групи. Поради близината, транспортот е евтин. Само овие два показатели зборуваат дека се отвараат можностите кои досега беа затворени од политички причини“, рече премиерот Зоран Заев.
На прв поглед НАТО важи за голем безбедносен чадор, но од економски аспект бенефитот за малите земји е огромен. Сѐ ке зависи од нашиот перформанс колку ќе успееме да го искористиме, порча Заев.
„Ова може да биде сериозна иницијална каписла за брз економски развој, затоа што за НАТО со милијарди евра буџет не значи ништо, а за нас сѐ. Ако се има предвид и правото на консезуалност, отворено можат да се очекуваат сериозни придобивки за македонската економија“, рече премиерот Заев.
Со влезот во ЕУ и НАТО, пред нас стануваат реални шансите за позасилен странси инвестициски циклус. Заев вели дека политиките на пријателство веќе даваат резултати, во првата половина од годината странските инвестиции изнесуваат 327 милиони евра или три пати повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
Стевче Митревски
