Украина

Руски знамиња во Крим!

27.02.2014 18:18

Првите реакции на новата украинска власт е дека со сите сили ќе го бранат територијалниот интегритет на земјата...

Во Крим се завиори руско знаме, а соборениот Јанукович од Москава се јави со пораката дека тој се уште е леитимен претседател на земјата.  Новата власт од Киев ги преупредува русите ,  да не испловуваат воените бродови од руската воена база во Крим, бидејќи тоа ќе го сфати како чин на агресија.

Европарламентот усвои резулуција за Украина. Се повикуваат русите и другите земји да останат мирни, а до Киев е упатена пораката новата власт да не го правоцира руското малцинство во Укарина.

Засега се уште не се знае кои се луѓето што ја окупираа зградата на Владата и на Парламентот во главниот град на Крим, Симферопол.  Агенциите известуваат дека на локалните институции   се виорат руски знамиња. „Интерфакс“ повикувајќи се на очевидци информира дека во  владините објекти има околу 60 вооружени луѓе и дека пред Парламентот е полицијата,  додека локалната власт прави напори да преговора со групата внатре.

„Дојдоа со камиони, немаат обележја, но внесоа многу оружје“, изјави еден гараѓанин. 

„Не сакам кризата да се прелее и овде, но ако затреба, нека дојдат руските трупи“, рече портивникот на новата украинска власт.

„Се огласи и Русија, најави дека ќе ги брани правата на своите сонародници силно и бескопромисно“, изјави шефот на руската дипломатија Лавров.

Од денеска руски борбени авиони кои се распоредени по должината на руската граница се ставени во состојба на готовност, соопшти руската војска.

„Ние сме подготвени да ја извршиме нашата задача доколку затреба“, вели еден руски војник.

Првите реакции на новата украинска власт е дека со сите сили ќе го бранат територијалниот интегритет на земјата.

„Новата влада ќе ги искористи сите правни средства за да ја стабилизира состојбата на Крим. Упатувам порака до Руската Федерација, руските сили да не излегуваат од воената база на Крим  бидејќи ова ќе го сфатиме како чин на агресија“, рече новиот премиер на државата Арсениј Јацењук.

Во меѓувреме, руските медиуми објавија дека соборениот претседател Виктор Јанукович се наоѓа во Русија и дека во своето обраќање  до Украинците им рекол дека е се уште  легитимен претседател и дека луѓето од истокот и од југот на земјата никогаш нема да го прифатат беззаконието што го донесоа новите луѓе.  

Загриженост за развојот на состојбата на полуостровот Крим изрази и првиот човек на НАТО  Андрес Фог Расмусен, повикувајќи ги русите да останат мирни за да не ескалира напнатоста.  

Европарламентарците изгласаа резолуција повикувајќи ги Русија и другите земји да се воздржат од интервенција во Украина и ја предупредија новата украинска власт да не го провоцира руското малцинство.

Крим  е единствена украинска покраина со руско мнозинско население. Одземен е од Русите пред 59 години во времето на Хрушчов. Крим во последно време стана упориште на противниците на новиот политички поредок во Укарина, а новото раководство предупреди на опасноста од сепаратизам на полустровот, кој со матицата е поврзан само со еден тесен мост. 


Мирјана Василева