Почна исплатата на субвенциите за млекото
Сточарите кои го предале млекото од октомври до декември 2017-та година почнаа да ги добиваат субвенциите. Иако пријавувањето за нив беше продолжено за неколку денови роковите за исплатата се запазија. Финансиската поддршка изнесува 3,5 денари за кравјо, и 4 денари за овчо и за козјо млеко.

Почна исплатата на сточарите за предаденото млеко со што завршува и исплатата на субвенции за овој производ во 2017-та година.
Сточарите од оваа, последна рата, преку платежната агенција ќе добијат повеќе од 150 милиони денари.
Парите треба да легнат на сметките на 6.780 фармери и сточари кои што предале овчо, козјо или кравјо млеко во домашните млекарници од октомври до декември минатата година.
Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар кравјо и 4 за овчо и козјо млеко.
Иако пријавувањето беше продолжено по барање на сточарите и ветеринарните за да имаат да имаат време да ја ажурираат бројната состојба на животните во регистарот, што е услов за поднесување барања за субвенции, исплатата почна е без поголемо доцнење.
Методија Трајков
