Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ООН
Почна 73-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Македонската делегација ја предводи шефот на државата Ѓорге Иванов. На 27-ми септември ќе се обрати пред Светската асамблеја..

Почна 73-тото Генерално собрание на светската организација во Њујорк. Македонската делегација ја предводи шефот на државата Ѓорге Иванов. В четврток, на 27-ми септември ќе има обраќање на генералната дебата на 73-тата сесија на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.
Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.
Претседателот Иванов присуствуваше на настанот на високо ниво– Глобален повик за акција за светскиот проблем со дрогата, со кој претседаваа претседателот на САД, Доналд Трамп и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Иванов беше дел и од Мировниот самит Нелсон Мандела 2018, пленарен состанок на високо ниво посветен на глобалниот мир, а по повод 100-годишнината од раѓањето на поранешниот јужноафрикански лидер.
Повеќе за учеството на претседателот Иванов на Генералното собрание на ОН во прилогот на специјалниот известувач од Њујорк за МРТ, Мартин Пушевски.
