САД
Средба Трамп- Макрон во Њујорк
25.09.2018 10:56
Двајцата претседатели ја потврдија и подготвеноста за зголемена соработка во борбата против глобалните предизвици.

Меѓународната безбедност, Сирија и Иран беа дел од главните теми за кои разговараа челниците на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон во Њујорк.
Двајцата претседатели ја потврдија и подготвеноста за зголемена соработка во борбата против глобалните предизвици.
Американскиот претседател планира посета на Париз во ноември за да присуствува на церемониите посветени на стогодишнината од крајот на Првата Светска војна.
