Каменос негира дека неговото министерство злоупотребило европски средства
25.09.2018 11:25
Тројца новинари од грчки весник беа притворени откако Каменос се пожали дека бил клеветен во статии за финансиски малверзации.

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос ги негира тврдењата дека неговото министерство злоупотребило европски средства наменети за подобрување на условите за живот на мигрантите во земјата.
Тројца новинари од грчки весник беа притворени откако Каменос се пожали дека бил клеветен во статии за финансиски малверзации.
Грција доби 1,6 милијарди евра од европските фондови за справување со мигрантската криза.
