Еурокомпозит: Владата најавува пакет за технолошки вишок, вработените најавуваат протест
Владата подготвува пакет за технолошки вишок, а потоа и предстечајна реорганизација за прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ за состојбите да тргнат од мртвата точка. Но, во фабриката ситуацијата е крајно незавидна и вработените најавуваат протест пред Владата...

До 30-ти септември треба да се оформи пакетот за технолошки вишок за вработените во „Еурокомпозит“, најавува Владата, за потоа да почне предстечајната реорганизација и инвеститор да ја презме оваа наменска фабрика.
Но состојбите, во фабриката се крајно незавидни. Нема струја три недели поради напластените долгови, ниту има работа, ни плата. Вработените знаат за пакетот- технолошки вишок, но, велат- од каде пари за отпремнините.
Вицепремиерот Анѓушев се надева дека за година- две состојбите ќе се нормализираат во фабриката.
„Еурокомпозит“ е последниот загубар со 260 вработени.
Елизабета Митреска
