ЕУ го осуди апсењето на грчките новинари

25.09.2018 12:24

Тројца новинари од грчки весник беа притворени откако Каменос се пожали дека бил клеветен во статија за финансиски малверзации. Европската унија смета дека со апсењето е прекшрено владеењето на правото.

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос ги негира тврдењата дека неговото министерство злоупотребило европски средства наменети за подобрување на условите за живот на мигрантите во земјата.

Тројца новинари од грчки весник беа притворени откако Каменос се пожали дека бил клеветен во статија за финансиски малверзации. Европската унија смета дека со апсењето е прекшрено владеењето на правото.

Грција доби 1,6 милијарди евра од европските фондови за справување со мигрантската криза.