Трамп и Макрон разговараа за ситуацијата во Сирија и трговски прашања
Двајцата лидери разговараа за меѓународната безбедност, ситуацијата во Сирија, како и за трговијата меѓу САД и ЕУ. Меѓу темите на разговор бил и одговорот на заканите од страна на Иран, како и создавање фер трговски услови меѓу САД и ЕУ.

Претседателите на САД и на Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон одржаа билатерална средба во Њујорк во рамки на сесија на Генералното собрание на ОН.
Двајцата лидери разговараа за меѓународната безбедност, ситуацијата во Сирија, како и за трговијата меѓу САД и ЕУ. Меѓу темите на разговор бил и одговорот на заканите од страна на Иран, како и создавање фер трговски услови меѓу САД и ЕУ.
„Разговаравме за трговијата, како и за војската и одбраната. Исто така и тероризмот што е мошне важна тема, поради која можеби и сме најмногу овде“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
„Имаме многу заеднички визии. Покрај другото, мислам дека и ситуацијата на Блискиот Исток е нешто што сакаме заедно да го решиме“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Трамп и Макрон разговараа и за плановите на американскиот претседател да го посети Париз во ноември и да присуствува на церемониите посветени на стогодишнината од крајот на Првата Светска војна.
Двајцата претседатели ја потврдија и посветеноста на тесната координација на активностите за борба против глобалните предизвици.
Марина Ристова
