Невладината „Цивил“ распореди 30 долгорочни набљудувачи за референдумот
25.09.2018 12:47
На денот на референдумското изјаснување „Цивил“ најави дека ќе ангажира 200 акредитирани мобилни набљудувачи...

Невладината „Цивил“ соопшти дека распоредила 30 активни долгорочни набљудувачи низ целата земја, чија задача е да го набљудуваат процесот на спроведување на подготовките на референдумот од повеќе аспекти, а особено во поглед на почитувањето на правото на глас.
На денот на референдумското изјаснување „Цивил“ најави дека ќе ангажира 200 акредитирани мобилни набљудувачи, распоредени низ целата земја на кои што ќе им помагаат лица кои што минале обука за граѓанско новинарство.
