Жидан: Од граѓаните зависи каква иднина ќе одберат
Со Македонија имаме одлични билатерални и економски односи и сакаме земјата да ја видиме интегрирана во евроатланските институции- нагласи претседателот на словенечкиот Државен збор...

Во прва посета на земјава пристигна и Дејан Жидан, претседател на словенечкиот Државен збор. Тој изјави дека Македонија е пред историски момент, а од нејзините граѓани ќе зависи каква иднина ќе одберат на 30-ти септември.
Со Македонија имаме одлични билатерални и економски односи и сакаме земјата да ја видиме интегрирана во евроатланските институции- нагласи Жидан.
Непосредно пред референдумот пристигна претседателот на словенечкиот Збор што е потврда дека имаме силна подршка од Словенија, истакна домаќинот македонскиот претседател на Собранието, Талат Џафери.
Евроинтеграциите се стратешки приоритет како за Собранието така и за Владата и ние ќе продолжиме да ги спроведуваме зацртаните реформи, истакна Џафери.
